fbpx

Конкавни леќи: видови и употреба

Во случај кога сте во можност јасно да ги видите предметите блиску до вас, но предметите подалеку се матни, можеби е вистинско време да посетите офталмолог бидејќи ова е вообичаена состојба дефинирана под поимот миопија или кратковидост.

Денешницата ни носи многу можности полесно да се справиме со речиси секоја здраствена состојба па така и во овој случај, за подобрување на состојбата и корекција на миопијата се користат очила со Конкавни леќи.

Конкавни леќи

Конкавната леќа е подебела на рабовите и потенка во центарот. Овој тип на леќи ги свиткува светлосните зраци нанадвор. Конкавната леќа е позната и како дивергентна леќа бидејќи ги разминува светлосните зраци. Составена е од голем број призми, при што основата на секоја призма е насочена подалеку од центарот на објективот. Централниот дел на објективот е едноставно паралелно еднострано стакло.

Материјалите што се користат за изработка на овие леќи можат да бидат или стакло или пластика, кои потоа се полираат и на крајот се обликуваат во различни форми. За разлика од призмата, која ја прекршува светлината без да се фокусира, леќата може да ја фокусира светлината за да формира слика.

Типови на конкавни леќи

  1. Двојно конкавна
  2. Плано конкавна
  3. Конвексо-конкавна

Како конкавните леќи помагаат при миопија?

Конкавната леќа се користи за корекција на миопија бидејќи леќата ги разминува паралелните светлосни зраци кои доаѓаат од далечните објекти. Затоа, виртуелна слика се формира на далечна точка на кратковидното око. Сега, кога светлосните зраци се на соодветно растојание, предметите може лесно да се фокусираат на леќата и на тој начин се формира јасна слика на мрежницата.

СЛИЧНИ НОВОСТИ

Колку често треба да го проверуваш видот? Одговорот ќе те изненади

Колку често треба да го проверуваш видот? Одговорот ќе те изненади

Кога последен пат го проверивте видот? Ако одговорот е „не се сеќавам“ или „кога ги правев последните очила“, веројатно поминало повеќе време отколку што мислите. Видот често го земаме здраво за готово, особено кога немаме очигледни проблеми со гледањето. Но...

Не е само бренд: што навистина купуваш кога избираш премиум Dior очила?

Не е само бренд: што навистина купуваш кога избираш премиум Dior очила?

Постојат работи што ги купуваме затоа што ни се потребни. И постојат работи што ги избираме затоа што кажуваат нешто за нас. Премиум очилата припаѓаат токму во втората категорија. На прв поглед, тие се моден додаток. Но зад секоја рамка стојат часови дизајн,...

Очилата што сите ќе ги носат ова лето – дали веќе ги имате?

Очилата што сите ќе ги носат ова лето – дали веќе ги имате?

Секоја сезона носи нови модни трендови, но само неколку од нив успеваат да станат вистински хит. Летото 2026 веќе јасно покажува кои модели на очила ќе доминираат на плажите, градските улици и социјалните мрежи. Од луксузни брендови до street style икони, едно е...