fbpx

Марчиано : чист гламур во секојдневната мода

Следејќи ги стапките на GUESS за производство на модни додатоци кои се на модниот врв, Марчиано очилата за сонце и оптичките очила се токму оној аксесоар без кој не можете, а еве и зошто.

Марчиано Лос Анџелес е основан во 2004 година, именуван според ко-основачот на  GUESS и поранешен извршен директор, Пол Марчиано и е првата екстензија на брендот GUESS. Колекциите на оптички очила и очила за сонце го нудат најдобриот производ со софистицирани детали. Стиловите се украсени со сјајни елементи создадени со луминисцентни дезенирани ацетати, како и егзотични животински принтови. Дополнително, иконското лого на Марчиано е прикажано на леќите на очилата за сонце, како и на врвот на рамките. Очилата за сонце и оптичките рамки Марчиано имаат препознатливи детали кои директно се поврзуваат со основните вредности на брендот: висококвалитетни дизајни и материјали, и високо софистициран стил кој претставува чист гламур во секојдневната мода.

Во прилог ви ги претставуваме женствените рамки од колекцијата на очила за сонце Марчиано кои ветуваат стил и привлечност благодарение на женствените форми на мачкини очи, шик предимензионираните силуети и современите квадратни дизајни.

Елегантните ацетатни детали со лого ги надополнуваат формите и боите на Марчиано. Оваа неодолива колекција на очила сигурно ќе додаде совршени детали за завршна обработка на секој моден изглед.

СЛИЧНИ НОВОСТИ

Колку често треба да го проверуваш видот? Одговорот ќе те изненади

Колку често треба да го проверуваш видот? Одговорот ќе те изненади

Кога последен пат го проверивте видот? Ако одговорот е „не се сеќавам“ или „кога ги правев последните очила“, веројатно поминало повеќе време отколку што мислите. Видот често го земаме здраво за готово, особено кога немаме очигледни проблеми со гледањето. Но...

Не е само бренд: што навистина купуваш кога избираш премиум Dior очила?

Не е само бренд: што навистина купуваш кога избираш премиум Dior очила?

Постојат работи што ги купуваме затоа што ни се потребни. И постојат работи што ги избираме затоа што кажуваат нешто за нас. Премиум очилата припаѓаат токму во втората категорија. На прв поглед, тие се моден додаток. Но зад секоја рамка стојат часови дизајн,...

Очилата што сите ќе ги носат ова лето – дали веќе ги имате?

Очилата што сите ќе ги носат ова лето – дали веќе ги имате?

Секоја сезона носи нови модни трендови, но само неколку од нив успеваат да станат вистински хит. Летото 2026 веќе јасно покажува кои модели на очила ќе доминираат на плажите, градските улици и социјалните мрежи. Од луксузни брендови до street style икони, едно е...