Во прилог на УВ-заштита ова лето за вас и вашите најблиски, ова се 5те најдобри брендови на очила за сонце кои ние ви ги препорачуваме:
Сите модели можете да ги најдете низ оптиките во Македонија.
Tom Ford
Кога станува збор за луксузни, елегантни и модерни очила за сонце, очилата за сонце на Том Форд се полн погодок.
Очилата за сонце на Том Форд создаваат модерен и екстравагантен приказ на класиката, прикажувајќи го потписот на Том Форд на секоја рамка како лого кое е препознатливо надалеку.
Guess
Guess очилата за сонце се квалитетно изработени и ориентирани во многу различни форми и стилови.
Почнувајќи од модни, елегантни па се до класични тенки метални рамки и сè што е помеѓу нив, постои голема разновидност за избор.
GANT eyewear
Со GANT очилата за сонце, можете да бидете сигурни дека ќе останете стилски (модерни) на сонце.
Модерни, функционални очила за сонце кои се издвојуваат по својот уникатен стил со поларизирани леќи кои обезбедуваат 100% UVA и UVB заштита.
Timberland
Timberland очилата за сонце, комбинираат практичност и стил со напредна поларизирана технологија за блокирање на штетните УВ зраци.
Ermenegildo Zegna
Ermenegildo Zegna очилата за сонце се пример за совршеност со врвни материјали и квалитет.
Поларизираните леќи кои се дел од очилата за сонце на овој бренд, ќе бидат вашата секојдневна заштита од УВА штетните зраци.
Recent Comments