Од авијатичарски форми, до транспарентни стакла за очила, Ermenegildo Zegna со својата колекција за 2022 година, докажа уште еднаш дека е бренд создаден да го истакне најдоброто од вас и ги отсликува особините што го оживуваат вашиот стил.
Во денешниот блог пост детално ќе разгледаме неколку модели на очила од најновата колекција на Ermenegildo Zegna, и ќе ги дискутираме нивните предности како и начинот на кој можете соодветно да ги одржувате.
Автентична и уникатна рамка со “Двоен мост” и нежно квадратен дизајн, пребоена во проѕирно светло-жолта боја која совршено одговара на транспарентната боја на стаклата. Изработени од материјали со врвен квалитет, и елегантните акценти како логото на Zegna на слепоочниците го комплетираат овој прекрасен дизајн на очила кој совршено би се вклопил во речиси секоја модерна комбинација.
Како да ги одржувате овие очила?
Препорачливо е да се чистат со мека крпа, по можност микрофибер, со вода или благ детергент.
За да избегнете гребење на леќите, никогаш не користете хартиени крпи или облека за чистење на вашите очила.
Уникатниот изглед на овие рамки со модерен дизајн и чисти линии со нагласка на традицијата на брендот за висококвалитетна изработка и материјали. Црните очила за сонце се комплетирани со црни рачки, акцентирани со изгравираното винтиџ лого на врвовите.
Како да ги одржувате овие очила?
На ист начин како и претходниот модел, Leggerissimo можете да ги исчистете со мека крпа, по можност микрофибер, со вода или благ детергент.
Целосна метална рамка со темен рутениумски дел на краеви за целосна удобност, ги истакнува затемнетите/задимени стакла, со финален дизјан кој ја отсликува елеганцијата на Zegna. Дополнително, овие очила ги прави уникатни ласеркси изгравираното лого на Ermenegildo Zegna.
Колекцијата на очила за ова лето, на Ermenegildo Zegna вклучува разновидни рамки изработени од материјали со врвен квалитет, како и стакла кои ќе ви овозможат целосна заштита и удобност при возење, пешачење, трчање и други спортски како и секојдневни активности.
Recent Comments