Речиси секое патување е планирано. Размислуваме која облека да ја понесеме со себе, прва помош, кои обувки, но едно нешто на кое што ретко помислуваме а е многу важно, особено ако патувањето е со сопствен превоз, е правилната заштита на очите.
Зошто ви се потребни очила за возење?
Очилата за возење се прилагодени за да ви помагаат да гледате подобро додека сте зад воланот. Кога возите на пат, вашите очи се изложени на остри рефлексии на светлина кои го попречуваат вашиот вид и предизвикуваат замор во вашите очи.
Кои видови очила за сонце се наменети за возење?
Поларизираните очила – ја намалуваат рефлексијата и ја зголемуваат видливоста. Го намалуваат отсјајот во секакви услови за да можете да останете фокусирани на патот пред вас.
Речиси половина од возачите во светот поседуваат барем еден пар очила за возење, а сега можеме да забележиме и зошто. Без оглед на дестинацијата, заштите ги вашите очи, и уживајте во глетката пред вас, со нов пар очила наменети за возење.
За најголема удобност додека возите ви ги препорачуваме очилата за сонце на Polar Glare кои можете да ги најдете низ оптиките во Македонија.
Recent Comments