fbpx

Зошто да одберете поларизирани очила за сонце?

Исто како што кожата има потреба од заштита доколку поминувате подолго време изложени на сонце, така и на вашите очи им е потребна заштита.

Постојат многу различни начини за заштита на вашите очи, а поларизираните леќи се уште еден начин кој треба да го знаете. 

Поларизираните леќи помагаат да се намали одсјајот кој се создава секојдневно во вашата околина, а може при подолготрајна изложеност да го оштети вашиот вид.

Предности на очила со поларизирани леќи

  • појасен вид, особено при силно светло
  • зголемен контраст и минимална промена на бојата
  • намален сјај и рефлексија

Овие предности ги прават поларизираните леќи одлични за очила за сонце. Тие се совршени за секој што поминува многу време на отворено и може да помогнат за подобра слика.

Како се вашите очи заштитени со помош на поларизираните леќи?

Поларизираните леќи функционираат така што спречуваат светлосен сјај да продре директно во окото.
Кај поларизираните леќи, филтерот е вертикален, така што само дел од светлината може да помине низ отворите. Бидејќи сјајот е типично хоризонтална светлина, поларизираните леќи ја блокираат оваа светлина и дозволуваат само вертикално светло. Со хоризонталното светло блокирано од поларизирани леќи, ова помага да се елиминира сјајот да не свети директно во вашите очи.

Како да дознаете дали вашите очила за сонце имаат поларизирани леќи?

Обидете се да погледнете во рефлектирачка површина (вода или стакло изложено на сонце) со и без очилата за сонце. Поларизираните леќи се создадени за намалување на отсјајот од силна светлина од рефлектирачките површини и благо зголемување на контрастот, па затоа работите ќе се видат јасно и на силно светло.

Предлог очила за сонце кои имаат поларизирани леќи

Polar Glare очилата за сонце со причина се еден од најдобрите брендови.
Видете ги моделите и направето го правиот избор кога станува збор за поларизирани очила.
Polar Glare очилата за сонце можете да ги најдете низ оптиките во Македонија.

СЛИЧНИ НОВОСТИ

Интервју со Филип – HOYA специјалист

Интервју со Филип – HOYA специјалист

Здраво Филип, кажи ни нешто за твоето професионално искуство и што значи твојата титула HOYA специјалист? Моето професионално искуство се фокусира на оптичката индустрија, каде што повеќе од 10 години се стремам да помогнам на луѓето да го подобрат својот вид....

Очилата BVLGARI  за модерна визија на секоја жена

Очилата BVLGARI за модерна визија на секоја жена

Брендот Bvlgari е италијанска компанија за луксузни производи, првенствено позната по своите часовници, парфеми, очила и луксузни хотели. Основана е во 1884 година во Рим од страна на Сотир Булгарис (Sotirios Voulgaris). Очилата за сонце на Bvlgari се дел од...

Hoya Balansis: Напредна технологија за удобен вид

Hoya Balansis: Напредна технологија за удобен вид

Balansis се прогресивни оптички стакла на Hoya што ги прави напредните технологии достапни за повеќе корисници.Со инкорпорирање на 3 докажани HOYA technologies, Balansis обезбедува голема визуелна удобност за извршување на сите модерни секојдневни активности на...