Дали постојат очила за сонце кои можат да издржат гребнатини од песок на плажа или вообичаено гребење кое честопати во секојдневнието ни се случило на сите?
Иако ниту една леќа кај очилата за сонце не е 100% отпорна на гребење, постојат леќи кои се отпорни на гребење, па при следното пазарување на нови очила за сонце, имајте ги следниве факти во предвид.
Типот на леќа што ќе го изберете влијае на тоа колку вашите очила за сонце ќе бидат отпорни на гребење. На пример, пластичните леќи се поотпорни на удари од стаклените леќи, но тие можат полесно да се изгребат ако немаат заштитна обвивка. Постојат леќи за очила за сонце направени специјално за да спречат потенцијално гребење. Така на пример поликарбонатните и Тривекс леќите се поотпорни на удари од стаклените и пластичните леќи, и двата типа вообичаено имаат вграден слој кој е отпорен на гребење. Овој слој, исто така, може да ја направи нивната површина речиси тврда како стакло.
Поликарбонатните леќи во очилата за сонце се исклучително отпорни на удари и гребнатини. Тие се потенки и полесни од стандардните пластични опции и се импресивно издржливи.
Тривекс леќи се составени од понова пластика направена со процес на лиење, слично на тоа како се прават обичните пластични леќи, но се исто толку, ако не и повеќе, лесни, отпорни на удари и гребнатини како и поликарбонатните леќи.
Ако барате нов пар очила за сонце кои веќе имаат слој отпорен на гребење, ние ви издвојуваме неколку модели од колекцијата OZZIE, која е направена од поликарбонатни стакла отпорни на удар и гребење, што ги прави наочарите практично некршливи.
Recent Comments