Верувале или не, секој од нас поседува уникатна форма на своето лице дефинирана од коскената структура на черепот. Постојат 7 најчести форми на лицето кај човекот, кои детерминираат дизајн на формата кај многу очила за сонце и оптички очила.
Луѓето со овални лица може да се каже дека се оние најсреќните кога станува збор за изборот на очила за сонце, поради тоа што речиси сите форми ќе им одговараат и прилегаат одлично.
Дали обликот на твоето лице е овален?
Овалната форма на лице е подолга отколку широка со нежно искривена вилица. Јаболчниците се широко распоредени во сооднос со челото и вилицата и обично се поставени само малку повисоко на лицето. Челото на овој облик на лице може да биде малку пошироко од брадата.
Како да ги изберете вистинските очила за сонце доколку вашето лице е со овална форма?
Правоаголни очила за сонце
Правоаголните форми се одлични за овални лица бидејќи нивниот симетричен дизајн ќе ги надополни вашите веќе добро пропорционални црти на лицето.
Мачкасти очила за сонце
Не секој облик на лице може да извлече мачкасти очила за сонце, но, за ваша среќа, овие флертувачки очила точно одговараат на вашите овални лица. Пробајте ги овие очила за сонце во светло црвена, виолетова или зелена боја.
Коцкасти очила за сонце
Ваквиот модел на очила за сонце е еден од најпопуларните и тоа со причина – тие изгледаат добро во професионален или секојдневен амбиент.
Кои се вашите омилени? Поставените модели можете да ги најдете низ оптиките во Македонија.
Recent Comments