fbpx

Трифокални леќи: нивни бенефити и правилна употреба

Можеби сте веќе корисник на трифокални леќи, или пак за прв пат се среќавате со овој тип на оптички леќи. Во двата случаеви, во денешниот блог пост ве запознаваме со нивното значење, предности и правилна употреба.

Што претставуваат трифокални леќи?

Трифокалните леќи помагаат за три типа на вид: за гледање одблиску, одалеку и од средина.

Верувале или не, покрај добро познатата употреба на оптички леќи за гледање одалеку и одблизу, многу често имаме потреба од употреба на среден вид (кога гледате во објект што е на неколку метри подалеку, како компјутерски екран, користите среден вид). Со цел да не носите посебни очила со вас за секој од овие три типови на гледање од секојдневието, трифокалните леќи ќе ви го овозможат ова и тоа само преку еден пар очила.

Како да разликувате очила кои имаат трифокални леќи?

Најосновниот тип на трифокални очила има две линии на објективот. Ова ја дели леќата на три различни намени. Горниот дел од леќата го коригира далечниот вид, средината на леќата го коригира средниот вид, а долниот дел од леќата го корегира видот одблиску.

Постојат и други видови леќи кои можат да содржат корекција на видот за трите растојанија без посебните линии на леќите. Тие се познати како прогресивни мултифокални леќи.

Предности на трифокалните леќи

Трифокалните леќи можат да ви помогнат да ги завршувате секојдневните задачи без да морате да се префрлате помеѓу различни пара очила.

Постојат неколку здраствени состојби што може да ве поттикнат да размислите за користење на трифокални леќи.

Пресбиопија или старосна диоптрија

Влошувањето на видот одблиску е природен дел од стареењето и често започнува во средната возраст. Ова е состојба позната како пресбиопија. Корекцијата на видот е единствениот начин да се реши оваа состојба.

Катаракта

Катаракта е заматување на очната леќа која влијае на видот. Трифокалните леќи може да ја подобрат вашата состојба во консултација со вашиот лекар.

Како правилно да ги употребувате трифокалните очила?

 

  • Кога ќе ги добиете вашите трифокални очила, консултирајте се со оптометристот како правилно да ги употребувате вашите нови очила
  • Носете ги вашите трифокални очила постојано
  • Прилагодете ги вашите трифокални очила така што тие правилно се потпираат на вашиот нос и можете да гледате низ нив 
  • Гледајте напред, а не надолу, кога се движите

СЛИЧНИ НОВОСТИ

Очилата BVLGARI  за модерна визија на секоја жена

Очилата BVLGARI за модерна визија на секоја жена

Брендот Bvlgari е италијанска компанија за луксузни производи, првенствено позната по своите часовници, парфеми, очила и луксузни хотели. Основана е во 1884 година во Рим од страна на Сотир Булгарис (Sotirios Voulgaris). Очилата за сонце на Bvlgari се дел од...

Hoya Balansis: Напредна технологија за удобен вид

Hoya Balansis: Напредна технологија за удобен вид

Balansis се прогресивни оптички стакла на Hoya што ги прави напредните технологии достапни за повеќе корисници.Со инкорпорирање на 3 докажани HOYA technologies, Balansis обезбедува голема визуелна удобност за извршување на сите модерни секојдневни активности на...

Иновативно решение за контролирање на миопијата кај вашето дете!

Иновативно решение за контролирање на миопијата кај вашето дете!

ШТО Е МИОПИЈА? Миопија или кратковидост кај децата е оштетување на видот, односно детето не ги гледа идеално предметите на далечина бидејќи на мрежницата во окото се создава матна слика. Ова оштетување на очите може да се појави во секое време, но најчесто...