Кога леќите се поларизирани, имаат вграден филтер што ја блокира силната светлина. Оваа интензивна светлина е позната како отсјај.
Кога отсјајот е намален, вашите очи се чувствуваат поудобно и појасно ја гледате околината.
Сончевата светлина е расфрлена во сите правци. Но, кога удира на рамни површини, рефлектираната светлина (отсјајот) има тенденција да стане поларизирана, што значи дека рефлектираните зраци патуваат во порамномерна (обично хоризонтална) насока.
Поларизираните очила за сонце обезбедуваат супериорна заштита од отсјај – особено кога сончевите зраци се рефлектираат на водни површини.
Споредба на поларизирани со неполаризирани леќи
Поларизирани очила за сонце
Поларизираните очила за сонце имаат неколку предности кога станува збор за “борба” против силната сончева светлина:
- Одлично намалување на отсјајот
- Подобра видливост додека возите
- Поживописни бои и контраст меѓу пејзажите на отворено
Оние кои поминуваат долго време во возење во текот на денот треба да искусат подобра удобност и видливост со поларизирани очила. Овој тип на очила за сонце ќе ви помогне да возите побезбедно и посигурно.
– Но имајте в предвид дека поларизираните очила за сонце можат да ви попречат доколку гледате во дигитални екрани.
Неполаризирани очила за сонце
Поларизираните леќи може да ја подобрат удобноста и видливоста, но истовремено тие не се најдоброто решение секогаш.
Неполаризираните леќи подеднакво ја третираат целата сончева светлина и го намалуваат целокупниот интензитет. Ова нуди заштита за очите, но нема да се справи со сјајот и отсјајот ако сте околу вода, снег или стакло
На пример, за време на скијање по спуст, сакате да можете да го видите силниот сјај што се рефлектира од снежните површини, за да можете навремено да се оддалечите од нив.
Оттука во светот на очилата за сонце покрај поларизирани и неполаризирани постојат повеќе модели кои се со специфична намена а за кои ќе зборуваме повеќе во следниот блог пост.
- Прогресивни
- Фотохромски
- Анти-рефлексни
- 100% заштита од UV зраци
До тогаш ви издвојуваме модели со поларизирана заштита и неполаризирани очила за сонце:
- Guess (неполаризирани)
- Timberland i Polar Glare (поларизирани)
Можете да ги најдете низ оптиките во Македонија
Recent Comments