Од нивното настанување, еволуцијата на трендови, до аксесоарот без кој не можеме, очилата за сонце испишуваат историја со интересни факти кои вредат да се прочитаат.
1. Очилата за сонце се „измислени“ пред 2.000 години. Ескимите создале очила од животинска коска, кожа и дрво, направени со мали процепи што пропуштаат само најмала светлина. Оваа нивна иновација ефикасно ги штитела нивните очи од заслеупувачкиот сјај на сончевата светлина кој се рефлектирала од снегот.
2. Трендовите за очила за сонце се менуваат од година во година, но секогаш се враќаат во стил. Познатите личности и модните списанија секогаш го имаат последниот збор за тоа што е во мода, а што не. Важно е да се напомене дека не сите стилови одговараат на вашето лице. Секогаш е најдобро да ги купите од продавница за очила и да пробате повеќе модели пред да купите.
3. Во САД некој губи, крши или седнува на пар очила на секои 14 минути. Чувајте ги вашите очила секогаш заштитени во футрола.
4. Ако го поминувате вашето време планинарејќи, спортувајќи, навистина ќе имате корист од носењето очила за сонце. Гледањето на светот преку поларизирана леќа, го прави вашиот вид по остар, со помалку отсјај и подобрени бои и контраст. Исто така, ги заштитувате очите од штетните УВ зраци.
5. Националниот ден на очилата за сонце се одржува секоја година на 27 јуни за да се прослави важноста на носење очила за да се заштитат очите од штетните сончеви зраци.
Споделете ги вашите интерсни факти за очилата за сонце, и истите ќе ги споделиме во нашиот следен пост.
Recent Comments