fbpx

Нова колекција на Том Форд очила за сонце и инспирацијата зад истата

Пред да купите очила за сонце за претстојното лето, во прилог ве запознаваме малку со историјата зад еден од најценетите дизајнери на очила.

Пионерот во модната индустрија, денес познат на речиси секого, Том Форд е роден во Тексас, има дипломирано на Универзитетот во Њујорк на отсек историја на уметност, а потоа завршил архитектура на Парсонс. Оттаму, Том Форд продолжува да води импресивен опсег на луксузни модни куќи од Клои, Пери Елис, Гучи, а сега и Том Форд.

Основан во 2006 година, Том Форд првично беше составен од козметика и машка облека пред да се прошири со производство на женска облека и секако модни додатоци како очила за сонце.

Очила за сонце на Том Форд

Откако ја основаше својата модна куќа, Том Форд соработува со производителите на очила Marcolin што доведе до производство и дистрибуција на оптички рамки и очила за сонце. Новата колекција на Том Форд е инспирирана од боите на формите популарни во 1950-тите и 1970-тите. Ни носи смели форми и чисти линии со комбинации на метали и ацетат. Сето тоа е ново, но уникатно и препознатливо за Том Форд во исто време. 

Новата колекција е инспирирана од Том Форд темелникот на концептите на „рафиниран минимализам“ и „скапоцени комбинации“.

Рафиниран минимализам

Овој концепт е составен од суштински дизајни, врвни материјали и безвременски форми.

Скапоцени комбинации

Комбинирање на мешавина од ацетат и метали, технолошки иновации, двобојни леќи и неочекуван дизајн.
Иконските елементи на очилата на Том Форд се сè уште присутни – класичното метално лого „Т“, симболот за бесконечност и препознатливите бои за овој бренд.

Колекцијата од оптички очила ја следеше истата дизајнерска инспирација, но фокусот е на леќите со сина светлина. Леќите со сина светлина се “задолжително“ решение за луѓето кои поминуваат подолго време пред своите компјутери, лаптопи и телефони. Овие уреди испуштаат потенцијално штетни УВ зраци – леќите со сина светлина можат да помогнат да се спречи напрегање на очите и да го намали заморот на очите. 

Ви извдојуваме пет модели на Том Форд очила за сонце од новата колекција кои можете да ги најдете низ оптиките во Македонија:

СЛИЧНИ НОВОСТИ

Колку често треба да го проверуваш видот? Одговорот ќе те изненади

Колку често треба да го проверуваш видот? Одговорот ќе те изненади

Кога последен пат го проверивте видот? Ако одговорот е „не се сеќавам“ или „кога ги правев последните очила“, веројатно поминало повеќе време отколку што мислите. Видот често го земаме здраво за готово, особено кога немаме очигледни проблеми со гледањето. Но...

Не е само бренд: што навистина купуваш кога избираш премиум Dior очила?

Не е само бренд: што навистина купуваш кога избираш премиум Dior очила?

Постојат работи што ги купуваме затоа што ни се потребни. И постојат работи што ги избираме затоа што кажуваат нешто за нас. Премиум очилата припаѓаат токму во втората категорија. На прв поглед, тие се моден додаток. Но зад секоја рамка стојат часови дизајн,...

Очилата што сите ќе ги носат ова лето – дали веќе ги имате?

Очилата што сите ќе ги носат ова лето – дали веќе ги имате?

Секоја сезона носи нови модни трендови, но само неколку од нив успеваат да станат вистински хит. Летото 2026 веќе јасно покажува кои модели на очила ќе доминираат на плажите, градските улици и социјалните мрежи. Од луксузни брендови до street style икони, едно е...