Основан уште во далечната 1910та година во Триверо (Италија) од сопственикот Ermenegildo Zegna, е еден од највисоко оценетите брендови во однос на севкупната експертиза, обезбедувајќи најдобро искуство за своите потрошувачи а рангиран на второто место во однос на квалитетот на понудените производи.
Од своето основање до ден денес, брендот Ermenegildo Zegna останува верен на визијата на основачот: етичко производство на најдобрите и најексклузивните ткаенини во светот преку иновации и набавка на благородни влакна директно од нивните пазари на потекло.
Квалитетот, иновативноста и традицијата се вредностите на кои се создава досегашната филозофија на Zegna. Квалитетот се добива со истражување на најпрестижните материјали изградени преку одредени работни техники; иновацијата е фаворизирана од истражувањето на совршенството и креативниот дух типичен за името Ermenegildo Zegna, а традицијата е почетната точка од која се развива филозофијата на овој бренд, почитувајќи ја ДНКта и наследството на основачот.
Благодарение на овие три идеали, Ermenegildo Zegna е меѓу најголемите луксузни брендови во светот и поседува разновидни производи кои одат од облека и ткаенини до додатоци како чанти, парфеми и очила.
Колекцијата на очила за сонце Ermenegildo Zegna е линија која интегрира префинети и современи модели кои можете да уживате во носење во различни прилики.
Во прилог ви издвојуваме неколку модели кои можат да бидат вашиот вистински избор за очила кои ќе ве штитат од претстојните интензивни УВ зраци:
Recent Comments