fbpx

MaxMara очила за сонце: местото каде модерниот свет се меша со класичниот

Изработени прецизно од луксузни материјали и елегантен дизајн кој со години претставува посебен аксесоар кај многу, очилата за сонце на MaxMara се одраз на она што вообичаено се нарекува „Произведено во Италија“.

Историјата на Max Mara

Во далечната 1951 година, италијанскиот претприемач Ахиле Марамоти имал јасна визија: да ја комбинира високата мода со методите на индустриско производство. Тој верувал дека иднината на модата лежи во производството на големи размери на добро скроена, висококвалитетна облека, така што ќе биде достапна за сите жени – не само за многу богатите.

Така е основана Макс Мара, име кое доаѓа од кратенката на презимето на Марамоти и упатување на грофот Макс, забавен, стилски локалец. Max Mara беше инстант успех, а денес, брендот сè уште го претставува најдоброто направено во Италија.

Зошто секоја жена треба да поседува Max Mara очила за сонце

Очилата за сонце Max Mara се препознатливи по нивниот дискретен и класичен дизајн, кој е ослободен од вишок и гламур. Колекциите ги содржат сите основни класични и традиционални форми со минимум експериментирање. Тркалезни, овални, квадратни или пеперутки и мачкини очила во мирни, воздржани бои се вистинскиот опис за очилата за соне на MaxMara. Исклучителна рачно изработена завршна обработка и висококвалитетни материјали кои целосно одговараат на идеите за модерниот луксуз.

Сите креации на Макс Мара се посветени на жените. Секоја рамка ја истакнува модерната, шик и софистицирана жена. Во исто време, очилата се изненадувачки погодни за секојдневно носење, тие се практични, функционални и погодни за различни прилики од модерниот живот. 

Новата колекција на очила Max Mara е во согласност со модерните модни трендови и ја отсликува филозофијата на брендот: 

Класичен стил во допир со модерната грациозност, едноставност и интелигенција.

Во прилог ви издвојуваме модели од најновата колекција 2022 кои можете да ги најдете во оптиките во Македонија:

СЛИЧНИ НОВОСТИ

Колку често треба да го проверуваш видот? Одговорот ќе те изненади

Колку често треба да го проверуваш видот? Одговорот ќе те изненади

Кога последен пат го проверивте видот? Ако одговорот е „не се сеќавам“ или „кога ги правев последните очила“, веројатно поминало повеќе време отколку што мислите. Видот често го земаме здраво за готово, особено кога немаме очигледни проблеми со гледањето. Но...

Не е само бренд: што навистина купуваш кога избираш премиум Dior очила?

Не е само бренд: што навистина купуваш кога избираш премиум Dior очила?

Постојат работи што ги купуваме затоа што ни се потребни. И постојат работи што ги избираме затоа што кажуваат нешто за нас. Премиум очилата припаѓаат токму во втората категорија. На прв поглед, тие се моден додаток. Но зад секоја рамка стојат часови дизајн,...

Очилата што сите ќе ги носат ова лето – дали веќе ги имате?

Очилата што сите ќе ги носат ова лето – дали веќе ги имате?

Секоја сезона носи нови модни трендови, но само неколку од нив успеваат да станат вистински хит. Летото 2026 веќе јасно покажува кои модели на очила ќе доминираат на плажите, градските улици и социјалните мрежи. Од луксузни брендови до street style икони, едно е...