Со топлите денови доаѓаат и зачестените и интензивни сончеви зраци од кои мораме и да ја заштитиме не само нашата кожа, туку и нашите очи. Како прв заштитен одговор, речиси сите ние се снабдуваме со очила за сонце (наочари), но многу е важно да знаеме дали тие се соодветни, односно ни ја пружаат потребната зашита од штетните УВ зраци.
Во денешниот блог пост ви ги претставуваме Hoya и нивните три видови на леќи за очила за сонце.
Поларизирани леќи
Одлично решение за оние кои уживаат активности на отворено преку летните денови, со поларизирани леќи, заслепувачките рефлексии и визуелната непријатност повеќе не се проблем. Намалениот отсјај и зголемениот контраст нудат врвни визуелни перформанси, удобност и заштита.
Затемнети леќи
На шарените лета им требаат шарени леќи. Од спорт до очила за возење и секојдневни очила, со овој тип на леќи, вие ќе можете да додадете боја на вашиот летен изглед со функционални нијанси.
Леќи со облоги за огледала
Со Hoya облогите за огледала во седум бои кои привлекуваат око, можете да ја изразите својата личност и стил, истовремено намалувајќи ја непријатноста предизвикана од високиот интензитет на светлина. Hoya конкавните анти-рефлексивни премази се совршена комбинација на висока мода и функција, за оние светли денови на сонце.
Recent Comments