fbpx

Givenchy: историски бренд кој до ден денес е број 1 во светот на модата

Доколку претпочитате брендови зад кои стои цела историја, тогаш Givenchy е вистинскиот за вас.

Историја на Givenchy

Роден во Бове, во северна Франција, во 1927 година, Хубер Џејмс Тафин де Живанши го напуштил родниот град во Париз на 17-годишна возраст за да стажира во една модна куќа. Во 1952 година, Живанши ја основал својата истоимена модна куќа во Париз, каде подоцна ќе ја претстави својата прва колекција „Separates“. Летото 1953 година, Живанши се запознава со Одри Хепберн, која позајмува неколку изгледи за нејзиниот филм Сабрина. Но тука соработката со големи имиња не запира. Истата година, во Њујорк, Живанши го запознал својот идол Кристобал Баленсијага, со кој подоцна станува и близок пријател. Денес, овој бренд краси многубројни холивудски ѕвезди, и милионски потрошувачи секаде низ светот.

Во денешниот блог пост, покрај тоа што се осврнавме накратко за историјата на Givenchy, ќе ги дискутираме важните детали кои ги истакнуваат очилата за сонце од овој бренд, а поради кои навистина вреди да се има макар еден пар очила во вашата модна колекција. 

Што ги прави посебни очилата за сонце дизајнирани од Givenchy?

Најпрвин, високиот квалитет. Сите очила за сонце кои што можете да ги најдете во оптиките низ светот под брендот Givenchy се произведени во Италија. Употребени се високотехнолошки решенија, користејќи извонредни материјали и ексклузивни технологии за производство кои помагаат да се достигне највисокото ниво и во однос на квалитетот и естетиката.

Втората карактеристика која ги прави очилата за сонце на Givenchy толку посебни, е нивниот беспрекорен и уникатен дизајн. Женските очила можат да се сретнат во различни форми и дизајни,а за мажите, Живанши дизајнира класични очила кои одговараат за секого. 

Во прилог ви издвојуваме неколку модели од машката и женската колекција, а на вас останува да го изберете вашиот омилен, или израдувате ваш близок со едни уникатни и безвременски очила за сонце на Givenchy.

СЛИЧНИ НОВОСТИ

Очилата BVLGARI  за модерна визија на секоја жена

Очилата BVLGARI за модерна визија на секоја жена

Брендот Bvlgari е италијанска компанија за луксузни производи, првенствено позната по своите часовници, парфеми, очила и луксузни хотели. Основана е во 1884 година во Рим од страна на Сотир Булгарис (Sotirios Voulgaris). Очилата за сонце на Bvlgari се дел од...

Hoya Balansis: Напредна технологија за удобен вид

Hoya Balansis: Напредна технологија за удобен вид

Balansis се прогресивни оптички стакла на Hoya што ги прави напредните технологии достапни за повеќе корисници.Со инкорпорирање на 3 докажани HOYA technologies, Balansis обезбедува голема визуелна удобност за извршување на сите модерни секојдневни активности на...

Иновативно решение за контролирање на миопијата кај вашето дете!

Иновативно решение за контролирање на миопијата кај вашето дете!

ШТО Е МИОПИЈА? Миопија или кратковидост кај децата е оштетување на видот, односно детето не ги гледа идеално предметите на далечина бидејќи на мрежницата во окото се создава матна слика. Ова оштетување на очите може да се појави во секое време, но најчесто...