Дали знаевте дека вчера 13.10 е „Светски ден на видот“ во многу земји во светот?
Поради нашиот начин на живот кој постојано се менува, состојбите како миопија се сè почести дури и на порана возраст, што особено во неговата потешка форма може да доведе дури и до ослепување. Сепак, истражувањата потврдуваат дека 80% од овие случаеви може да се спречат.
Светскиот ден на видот е глобална иницијатива, чија цел е да ја истакне важноста на редовните очни прегледи и да ги натера владите, производителите, офталмолозите и оптичарите да се приклучат преку промовирање и обезбедување бесплатни прегледи и тестови на очите.
Сите овие напори водат кон исполнување на една цел – елиминирање на слепилото низ целиот свет.
Пред да го напуштите овој пост, запрашајте се кога последен пат го имате проверено вашиот вид, и дали е време да закажете нов преглед!?
Recent Comments