fbpx

Иновативно решение за контролирање на миопијата кај вашето дете!

ШТО Е МИОПИЈА?

Миопија или кратковидост кај децата е оштетување на видот, односно детето не ги гледа идеално предметите на далечина бидејќи на мрежницата во окото се создава матна слика. Ова оштетување на очите може да се појави во секое време, но најчесто миопијата започнува кај децата на училишна возраст поради промена на нивните навики.

Децата поминуваат помалку време надвор, а се повеќе во затворени простории.

ШТО ЈА ПРЕДИЗВИКУВА?

Миопијата кај децата може да биде предизвикана од неколку причини, а тие се:

Вродена миопија:

  • Е поврзана со пречки во развој на окото додека бебето се развива во утробата на мајката.

Наследна миопија:

  • Значително е зголемен ризикот за појава на миопија кај детето доколку едниот или двајцата родители се кратковиди.

Стекната миопија:

  • Предизвикана од неодговорност на родителите кои им овозможуваат на децата од рана возраст постојано користење на дигитални уреди.
  • Се помалку децата се изложени на природна дневна светлина која помага да се спречи развојот на миопијата.
  • Појавата на миопија кај деца помали од 7години значително го зголемува ризикот за прогрес на висока миопија.


ИНОВАТИВНИ ОПТИЧКИ СТАКЛА MYOpis

Стаклата DIVEL MYOpis значително придонесуваат и овозможуваат контрола односно забавување на растот на миопијата кај деца до 16 годишна возраст. Технологијата на овие стакла има за цел да го забави издолжувањето на очното јаболко предизвикано поради растот и развојот на детето.
MYOpis претставува – иновативно, специјално дизајнирано оптичко стакло за заштита на децата и младината од ниската и средна прогресивна Миопија!


ДВЕ ТЕХНОЛОГИИ ДВА ДИЗАЈНА

MYOpis Classic

MYOpis Classic т.н. free-form дизајн на стаклото, составено од централна корективна зона од 16 mm со потребната диоптија, и продолжува надвор до работ на стаклот со концентрична дегресија од максимум до 2.50 dpt. Прогресијата се пресметува софтверски, земајќи ги во предвид потребните промени во диоптријата и дијаметарот на корисната површина на стаклото во однос со избраната рамка. МYOpis Classic се достапни во сите индекси, разновидни заштитни слоеви и фотохромни способности.

MYOpis Classic се потенки и полесни од стандардните корективни оптички стакла со ист индекс.

MYOpis Boosted

MYOpis Boosted е со т.н. free-form еднофокусен дизајн составен од централна зона за корекција со дијаметар 10 мм, опкружен со 294 мини леќи распоредени во 7 кругови за ефективно позиционирање на дефокусот во однос на мрежницата. Дијаметарот на овие мини леќи, варира од 0,60 до 1,90 мм со вредност од 1,75 dpt. до 3.00 dpt.

MYOpis Boosted се достапни во 1,59 индекс поликарбонат.

MYOpis Boosted обезбедува јасен и остар засилен вид низ централната зона како стандардна леќа, а преку периферниот дел неопходен дефокус. Се препорачува за почетна и брзо прогресивна миопија.

СЛИЧНИ НОВОСТИ

Очилата BVLGARI  за модерна визија на секоја жена

Очилата BVLGARI за модерна визија на секоја жена

Брендот Bvlgari е италијанска компанија за луксузни производи, првенствено позната по своите часовници, парфеми, очила и луксузни хотели. Основана е во 1884 година во Рим од страна на Сотир Булгарис (Sotirios Voulgaris). Очилата за сонце на Bvlgari се дел од...

Hoya Balansis: Напредна технологија за удобен вид

Hoya Balansis: Напредна технологија за удобен вид

Balansis се прогресивни оптички стакла на Hoya што ги прави напредните технологии достапни за повеќе корисници.Со инкорпорирање на 3 докажани HOYA technologies, Balansis обезбедува голема визуелна удобност за извршување на сите модерни секојдневни активности на...

Thanksgiving and Sunglasses: A Unique Perspective on Gratitude and Celebration

Thanksgiving and Sunglasses: A Unique Perspective on Gratitude and Celebration

Денот на благодарноста е традиција која се одбележаува во кругот на семејството, и која исто така нè поттикнува да сме благодарни за она што го имаме и за што сме благодарни во животот. Ајде да ги истражиме навидум неповрзаните елементи на Денот на благодарноста...