TOM FORD е симбол на современ, чист и софистициран стил. Очилата за сонце и оптички рамки се истакнуваат по модерните силуети и карактеристичното „T“ лого, што веднаш го открива потписот на брендот.
Очилата за сонце – стил и заштита
Женските модели се гламурозни и впечатливи, најчесто во oversized и cat-eye форми. Машките модели се насочени кон класични авијатори, правоаголни линии и метални рамки што нудат минималистички, елегантен изглед. Сите модели имаат UV заштита, а одредени модели се фотохроматски кои се прилагодуваат на светлината, а други пак се со поларизирани стакла.
Оптички рамки – минимализам со карактер
Во оптичките рамки, женските модели се со пообемни ацетатни форми и изразена структура, додека машките се поедноставени, тенки и архитектонски чисти. Унисекс моделите нудат балансиран, безвременски дизајн што лесно се вклопува во секојдневниот стил.




Recent Comments