fbpx

Запознајте ги Victoria’s Secret Eyewear

На повеќето од вас ви се познати светските модни ревии и ангелите на Victoria’s Secret, но дали знаевте дека брендот Victoria’s Secret произведува очила за сонце наменети за понежниот пол?

Најпрвин, сакаме да споделиме со вас неколку интересни факти за брендот:
– Позади Victoria’s Secret не стои Викторија, туку основачот на компанијата Рој Рејмонд. Тој сметал дека името Викторија е впечатливо и модрено, поради што правилно би се вклопило во целата приказна на брендот.
– Мотивот за создавање компанија како Victoria’s Secret бил откако Рој Рејмонд се соочил со лошиот квалитет на долна облека, додека ја купувал како изненадување за неговата сопруга во една јавна стоковна куќа.

Првата колекција на очила Victoria’s Secret е дизајнирана и произведена од Marcolin Group, претставена на модната ревија на Victoria’s Secret во 2018 година, најголемиот моден настан во светот.

Современите и привлечни форми ја дефинираат колекцијата очила на Victoria’s Secret, скапоцени камења и иконските елементи за потпис на брендот, како што се постоечките ленти и препознатливата златна боја за неодолив глам. 

Во прилог ви издвојуваме неколку модели на очилата за сонце на Victoria’s Secret кои ја отсликуваат сензуалноста, самодовербата и женственоста како клучни вредности на овој бренд.

Victoria’s Secret очилата за сонце можете да ги најдете низ оптиките во Македонија.

СЛИЧНИ НОВОСТИ

Колку често треба да го проверуваш видот? Одговорот ќе те изненади

Колку често треба да го проверуваш видот? Одговорот ќе те изненади

Кога последен пат го проверивте видот? Ако одговорот е „не се сеќавам“ или „кога ги правев последните очила“, веројатно поминало повеќе време отколку што мислите. Видот често го земаме здраво за готово, особено кога немаме очигледни проблеми со гледањето. Но...

Не е само бренд: што навистина купуваш кога избираш премиум Dior очила?

Не е само бренд: што навистина купуваш кога избираш премиум Dior очила?

Постојат работи што ги купуваме затоа што ни се потребни. И постојат работи што ги избираме затоа што кажуваат нешто за нас. Премиум очилата припаѓаат токму во втората категорија. На прв поглед, тие се моден додаток. Но зад секоја рамка стојат часови дизајн,...

Очилата што сите ќе ги носат ова лето – дали веќе ги имате?

Очилата што сите ќе ги носат ова лето – дали веќе ги имате?

Секоја сезона носи нови модни трендови, но само неколку од нив успеваат да станат вистински хит. Летото 2026 веќе јасно покажува кои модели на очила ќе доминираат на плажите, градските улици и социјалните мрежи. Од луксузни брендови до street style икони, едно е...