fbpx

Кои се предностите на поларизираните наочари

Поларизираните очила за сонце можат да му користат на вашиот вид на повеќе начини: тие го намалуваат отсјајот, ги зајакнуваат боите и го олеснуваат возењето во текот на денот.
Носењето поларизирани очила за сонце може да направи да се чувствувате подобро и поудобно, го намалува отсјајот и прави сè околу вас поживописно.

Што е поларизацијата?

Кога светлината доаѓа директно од изворот, нејзините светлосни бранови патуваат вертикално, хоризонтално и во сите останати агли помеѓу нив. Поларизираниот објектив ја филтрира светлината и дозволува да поминат само вертикални бранови.

Поларизираните стакла содржат повеќе слоеви. Најважен елемент е поларизираниот слој кој се наоѓа во центарот во самата структура на стаклото.

Вака поларизираните очила за сонце ја добиваат својата најдобра карактеристика: намалување или елиминирање на отсјајот.

Многуте придобивки од поларизираните очила за сонце

Намалувањето на отсјајот може да ја зголеми удобноста при гледање на многу различни начини:

Безбедност при возење преку ден

Кога сончевата светлина ќе допре на предното стакло на автомобилот, тоа се шири во силен, одвлекувачки сјај. Поларизираните очила за сонце може да блокираат голем дел од него, особено на јасен или делумно облачен ден.

Возењето е побезбедно кога можете да се фокусирате на патот наместо да треба да го приспособите погледот или да ги заштитите очите од силните сончеви зраци

Живописни бои на отворено

Кога станува збор за природната глетка, треба да истакнеме дека очилата со поларизирани стакла го подобруваат вашиот поглед.
Тие овозможуваат поживописни бои, јасен вид, чисти контрасти, помало замарање и напрегање на очите.

Се надеваме дека овие причини се доволни за вашиот следен модел на наочари да биде со поларизирани леќи, за таа цел ќе ви го олесниме и изборот при одбирање на правиот модел:

СЛИЧНИ НОВОСТИ

Интервју со Филип – HOYA специјалист

Интервју со Филип – HOYA специјалист

Здраво Филип, кажи ни нешто за твоето професионално искуство и што значи твојата титула HOYA специјалист? Моето професионално искуство се фокусира на оптичката индустрија, каде што повеќе од 10 години се стремам да помогнам на луѓето да го подобрат својот вид....

Очилата BVLGARI  за модерна визија на секоја жена

Очилата BVLGARI за модерна визија на секоја жена

Брендот Bvlgari е италијанска компанија за луксузни производи, првенствено позната по своите часовници, парфеми, очила и луксузни хотели. Основана е во 1884 година во Рим од страна на Сотир Булгарис (Sotirios Voulgaris). Очилата за сонце на Bvlgari се дел од...

Hoya Balansis: Напредна технологија за удобен вид

Hoya Balansis: Напредна технологија за удобен вид

Balansis се прогресивни оптички стакла на Hoya што ги прави напредните технологии достапни за повеќе корисници.Со инкорпорирање на 3 докажани HOYA technologies, Balansis обезбедува голема визуелна удобност за извршување на сите модерни секојдневни активности на...