fbpx

GANT: нова колекција наменета за секого со рамки од рециклирана r-PET пластика

Вториот месец од летото ни пристигна, а со тоа се зголемија и топлите денови во кои ни е неопходна заштита од интензивните УВ зраци. За таа цел, во денешниот блог пост ќе се осврнеме на еден безвременски бренд кој е секогаш тука да не обезбеди со соодветна заштита на нашите очи за време на летните, жешки денови: GANT! 

Да се потсетиме на кратко, GANT е оригинален американски бренд за животен стил со европска софистицираност, кој нуди врвна облека, додатоци (аксесоари) и мебел за дома за мажи, жени и деца.

Што го издвојува GANT од останатите?

GANT ни нуди ексклузивен избор од современи и модерни стилови измешани со безвременски класици, а преточени во оригинални очила за сонце наменети за секого. Дефинитивните форми и богатите бои инспирирани од винтиџ акцентите се комбинираат за да се создаде колекција на оптички рамки и рамки за очила за сонце и за мажи и за жени кои се во тренд. Суптилното брендирање и детали од логото укажуваат дека GANT останува автентичен на неговото целосно американско наследство со допир на европска софистицираност.

Следејќи ги најновите трендови, GANT изненади и овојпат, со одличната најнова колекција за 2022, а ова се неколку карактеристики кои ја опишуваат истата:

  1. GANT ја изразува енергијата и виталноста на својата нова колекција на очила преку рамки со современа душа.
  2. Динамичниот и млад дух на брендот се претвора во очила за сонце направени со големо внимание на квалитетот на материјалите и одржливоста.
  3. Рамките се направени од рециклирана r-PET пластика, до 85%, во неколку ексклузивни стилови.
  4. Иновативниот дизајн на рамките и живите бои ги прават овие нијанси исклучително удобни и полни со живот.

Во прилог ви издвојуваме неколку автентични модели од најновата колекција на очила за сонце 2022 од GANT кои сме сигурни дека ќе ви го задржат вниманието:

СЛИЧНИ НОВОСТИ

Колку често треба да го проверуваш видот? Одговорот ќе те изненади

Колку често треба да го проверуваш видот? Одговорот ќе те изненади

Кога последен пат го проверивте видот? Ако одговорот е „не се сеќавам“ или „кога ги правев последните очила“, веројатно поминало повеќе време отколку што мислите. Видот често го земаме здраво за готово, особено кога немаме очигледни проблеми со гледањето. Но...

Не е само бренд: што навистина купуваш кога избираш премиум Dior очила?

Не е само бренд: што навистина купуваш кога избираш премиум Dior очила?

Постојат работи што ги купуваме затоа што ни се потребни. И постојат работи што ги избираме затоа што кажуваат нешто за нас. Премиум очилата припаѓаат токму во втората категорија. На прв поглед, тие се моден додаток. Но зад секоја рамка стојат часови дизајн,...

Очилата што сите ќе ги носат ова лето – дали веќе ги имате?

Очилата што сите ќе ги носат ова лето – дали веќе ги имате?

Секоја сезона носи нови модни трендови, но само неколку од нив успеваат да станат вистински хит. Летото 2026 веќе јасно покажува кои модели на очила ќе доминираат на плажите, градските улици и социјалните мрежи. Од луксузни брендови до street style икони, едно е...