Дали се соочувате со потешкотии да го фокусирате видот кога гледате од далеку или блиску? Ви го претставуваме иновативното решение од Hoya: Прогресивни оптички стакла кои се индивидуално прилагодени за гледање на сите растојанија.
Живееме во свет исполнет со дигитални уреди и иако ја сакаме удобноста и поврзувањето, различните кратки растојанија на гледање можат да бидат вистински проблем: префрлување од лаптоп на мобилен, и од пред телевизор назад пред лаптоп. Светот не се крие зад уредите, туку надвор од екраните, и има уште многу што да се види.
Прогресивните оптички стакла Hoyalux iD MySelf им овозможуваат на носителите лесно да го префрлат видот од блиску на далеку, и обратно.
Прилагодени за гледање од далеку и блиску, прогресивните леќи, Hoyalux iD MySelf имаат неколку предности, и тоа:
- Подобрени блиски и средни визуелни полиња без попречување на јасниот вид за далеку
- Оптимизирано средно поле за пријатно користење на дигитални уреди
- Лесна и брза крива на адаптација
- Опуштени очи дури и за време на долготрајна работа пред уредите
9 од 10 носители на прогресивни оптички стакла веруваат дека лесното прилагодување е една од најважните придобивки кога станува збор за ваквиот вид на стакла.
Со технологијата AdaptEase, Hoyalux iD MySelf ја подобрува блиската и средната визуелна ширина и транзицијата на погледот без да влијае на далечниот вид. Ова им олеснува на корисниците непречено да се префрлаат помеѓу користење на дигитални уреди, како и за време на активности на отворено.




Recent Comments