Работата пред компјутер, учењето преку Интернет, таблет, телефон, сега е едноставно дел од нашата секојдневна реалност со која постојано го доведуваме во опасност нашиот вид.
Сината светлина што ја емитираат овие електронски уреди е непријател на нашите очи, особено на мрежницата.
За да ги заштитите вашите очи, изберете ја најновата генерација Blue Natural леќи од Divel Italia кои делуваат како заштитен филтер за окото и ги апсорбираат потенцијално штетните зрачења на вештачката сина светлина.
Blue Natural се најновите леќи на Divel Italia, дизајнирани да дадат максимална визуелна заштита во секое опкружување.
Покрај тоа, тие ги блокираат УВ зраците и високоенергетско сино светло до 420 nm, додека овозможуваат нормална перцепција на бојата.
Сината светлина може да има штетни ефекти врз очите, вклучувајќи црвенило и иритација, суви очи, заматен вид и може да го забрза појавувањето на болести на очите, како што се кератитис.
Blue Natural леќата од најновата генерација на леќи на Divel Italia е заштитен филтер кој може да ги апсорбира сите зрачења на светлината потенцијално штетни за човечкото окo што ги прави вистинско решение за речиси секого.
Blue Natural леќите можете да ги најдете низ оптиките во Македонија.
Recent Comments