Честа дилема при купување нови очила за сонце кај многумина е цената: дали е соодвтена за квалитетот?
Некои брендови ширум светот нудат врвен квалитет за што се оправдани и високите цени, додека пак други нудат очила за сонце кои се со пониска цена, но материјалите со кои се направени, не се издржливи или соодветни за заштита и удобност на вашите очи.
Имајќи основни познавања во материјалите и производството на очила за сонце може да ви помогне многу при изборот на очила за сонце ова лето.
Квалитетот на материјалите
Материјалите користени за да се произведат рамките имаат голема улога во цената на очилата. Квалитетните рамки се изработени од челик или титаниум што не рѓосува.
Исто така нема да ви ја оштетат кожата како рамките изработени од неквалитетни материјали што се направени од никел.
Едноставно кажано, доколку не се грижите правилно за вашите очила, веројатно тие нема да издржат долго. Но секако очилата направени од поквалитетен материјал природно ќе издржат подолг период.
Леќите од поликарбонат се најдобриот избор за очила за сонце затоа што се лесни и значително отпорни на удари за разлика од леќите направени од стакло или други материјали. Токму поради тоа, сите брендови кои ги употребуваат овие материјали ги продавааат своите производи (очила за сонце) со повисока цена.
Брендови кои за производство на своите очила за сонце користат високо квалитетни материјали се:
Истите можете да ги набавите во оптиките низ Македонија.
Recent Comments