Кога станува збор за инвестирање во висококвалитетни очила за сонце, на сите ни е важно тие да се квалитетни, удобни и да ја обезбедуваат потребната заштита на нашите очи.
Во прилог ви издвоивме неколку работи кои треба да ги имате во предвид, секогаш кога купувате очила за сонце.
Колку е важна заштитата од УВ?
Не дозволувајте сенката на леќите да ве измами – способноста за блокирање на ултравиолетовите зраци и темнината на леќите не се едно исто. Бојата на стаклото е ваш личен избор во зависност од намената за која ви се потребни очилата.
Заштитата на очите од штетните ефекти на изложеноста на УВ треба да биде ваш број 1 приоритет кога избирате очила за сонце.
Кои материјали за леќи за очила за сонце се најсилни?
Стаклените леќи обично се поотпорни на гребаници и нудат најчист вид. Сепак, стаклото има тенденција да биде потешко. Стаклените леќи исто така не се толку отпорни на удари како пластичните леќи и може да претставуваат многу реална опасност за децата.
Пластичните леќи се полесни од стаклените леќи, поради што поголемиот дел на очила за сонце се направени од овој издржлив материјал. Пластичните леќи исто така лесно овозможуваат дополнителни заштити за да го одржат вашиот вид остар и удобен.
Поликарбонат леќи се потенки и полесни од другите материјали. Ова се најотпорни очила кои овозможуваат одлични перформаси во видот.
Дали вашите наочари нудат доволна заштита од сонцето?
Вашите очила за сонце може да блокираат 100% од ултравиолетовите зраци, но типот и формата на очила зависи од вашиот вкус и мометалниот тренд.
За да се осигурате дека го извлекувате максимумот во вашиот избор, погледнете ги моделите што ги содржат сите потребни карактеристики наведени погоре
Recent Comments