fbpx

Што се прогресивни оптички стакла и кои се бенефициите од истите

Напредокот на технологијата и медицината овозоможуваат развој и производство на оптички стакла за корекција на видот кај сите кои за тоа имаат потреба – без разлика на дијагностицираната медицинска состојба на очите.

Согласно потребите на корисниците, развиени се оптички стакла со една диоптрија на целото стакло или т.н. монофокали, и бифокални или трифокални оптички стакла со различни диоптрии на површината на стаклото.

Предноста на мултифокалните оптички стакла е во тоа што наместо корисникот постојано да носи со себе два пара очила – за јасен вид посебно за блиску и далеку, мултифокалните оптички стакла ги имаат и двете особености во само еден пар очила. Најчесто, ваквиот вид очила се дизајнирани со линија која ги двои двата видови оптички стакла (бифокални и трифокални), но постојат и мултифокални оптички стакла кои се без линија, т.н ПРОГРЕСИВНИ ОПТИЧКИ СТАКЛА.

Овие стакла имаат беспрекорен ефект на увеличување на деталите при движење на очите на корисникот од врвот до дното на стаклото, што му помага на корисникот да гледа јасно на сите растојанија со само еден пар очила. Гледањето низ горниот дел од стаклото овозможува јасен вид на далечните објекти, низ средината за да се фокусира видот на средните објекти и низ  долниот дел – за да јасно се гледаат работите одблиску.

Прогресивните оптички стакла нудат три можности во еден пар очила. Овозможуваат читање одблиску, јасен вид на средно растојание и прецизно гледање и фокусирање на далечина – без потреба за  менување на очилата.

ЗА КОГО СЕ НАМЕНЕТИ ОЧИЛАТА СО ПРОГРЕСИВНИ ОПТИЧКИ СТАКЛА?

Прогресивните оптички стакла заради својата повеќенаменетост, можат да се носат во случај на:

  • Кратковидост
  • Далекувидост
  • Астигматизам
  • Пресбиопија

ПРЕДНОСТИ И ПРИДОБИВКИ ЗОШТО ДА НОСИТЕ ПРЕМИУМ ПРОГРЕСИВНИ СТАКЛА

Доколку сте носители на прогресивни стакла, но имате потреба од промена на диоптрија или сакате нов изглед и промена на стајлингот треба да знаете дека промената на вашите стакла може да предизвика одредени непријатности на вашите очи.

Промената на постоечките стакла може да предизвика иритација, главоболки, ефект на пливање на предметите, црвенило и неудобност при гледањето со новите прогресивни стакла.

За да се избегнат сите овие несакани ефекти треба секогаш да го унапредуваме квалитетот на  прогресивните стаклата, односно да целиме на нешто подобро.

Затоа ви ги препорачиваме HOYALUX ID MYSELF – најдобрите индивидуални прогресивни стакла од јапонскиот производител HOYA – лидер во светот во продажбата на премиум оптички стакла.

HOYALUX ID MYSELF се прогресивни оптички стакла кои се персонализирани и индивидуално прилагодени за гледање на сите растојанија. Истите, им овозможуваат на носителите лесно да го променат фокусот од блиску на далеку, и обратно – и со тоа нудат беспрекорна удобност на носителите при промена на фокусот на видот како на пр. од лаптоп на мобилен (средно кон блиску), и од телевизор назад на лаптоп (далеку кон средно).

Прилагодени за гледање од далеку, средно и блиску растојание, прогресивните оптички стакла Hoyalux iD MySelf нудат многу бенифиции за носителите, од кои најголеми се:

  • Подобрени блиски и средни визуелни полиња без попречување и искривување на сликата на далечина;
  • Оптимизирано средно видно поле за непречено користење на дигитални уреди;
  • Лесна, брза и безболна адаптација за носители почетници;
  • Одмор за очите без притисоци за време на долготрајна работа пред уредите и екраните;

Најновите истражувања покажуваат дека дури 9 од 10 носители на прогресивни оптички стакла веруваат дека лесното прилагодување е една од најважните придобивки кога станува збор за ваквиот вид на стакла.

Со технологијата AdaptEase, Hoyalux iD MySelf ја подобрува блиската и средната визуелна ширина и транзицијата на погледот без да влијае на далечниот вид. Ова им олеснува на корисниците непречено да ги менуваат зоните при користење на дигитални уреди за средно и блиску видно поле, како и за време на активностите на отворено во видното поле за далечина.

СЛИЧНИ НОВОСТИ

Очилата BVLGARI  за модерна визија на секоја жена

Очилата BVLGARI за модерна визија на секоја жена

Брендот Bvlgari е италијанска компанија за луксузни производи, првенствено позната по своите часовници, парфеми, очила и луксузни хотели. Основана е во 1884 година во Рим од страна на Сотир Булгарис (Sotirios Voulgaris). Очилата за сонце на Bvlgari се дел од...

Hoya Balansis: Напредна технологија за удобен вид

Hoya Balansis: Напредна технологија за удобен вид

Balansis се прогресивни оптички стакла на Hoya што ги прави напредните технологии достапни за повеќе корисници.Со инкорпорирање на 3 докажани HOYA technologies, Balansis обезбедува голема визуелна удобност за извршување на сите модерни секојдневни активности на...

Иновативно решение за контролирање на миопијата кај вашето дете!

Иновативно решение за контролирање на миопијата кај вашето дете!

ШТО Е МИОПИЈА? Миопија или кратковидост кај децата е оштетување на видот, односно детето не ги гледа идеално предметите на далечина бидејќи на мрежницата во окото се создава матна слика. Ова оштетување на очите може да се појави во секое време, но најчесто...