fbpx

Заштите се од сината штетна светлина со оптичките рамки на Tom Ford

Што ако треба да работите и навечер кога очите се веќе изморени од долгиот ден преплавен со работни обврски?
За среќа, постојат оптички решенија кои ги штитат очите и успеваат речиси целосно да ги елиминираат штетните ефекти на сината светлина. Сините леќи филтрираат сина светлина што има негативен ефект врз очите.

Со моделите Blue Block лансирани во 2018 година од Марколин, TOM FORD станува првиот луксузен бренд што воведува ексклузивни оптички колекции подготвени за носење за оние на кои не им требаат диоптерски стакла, но сепак сакаат да го дополнат својот изглед и заштитат својот вид. 

Очилата се опремени со леќи кои филтрираат штетна сина светлина за очите во услови на долга изложеност на дигитални уреди и ја зголемуваат визуелната удобност. Леќите, исто така, обезбедуваат заштита од отсјај и гребаници со цел подобра визуелизација кај корисникот.
Преку својата Blue Block колекција, TOM FORD ги поедностави работите, давајќи им можност на сите да изберат елегантни, префинети рамки, кои го носат светски најбараниот потпис и уникатниот стил на модниот дизајнер, а истовремено збогатени со леќи кои имаат син блок филтер со цел максимална заштита на очите. 

Во прилог ви ги издвојуваме ТОП 3 Tom Ford модели од Blue Block колекцијата:

Blue Block моделите можете да ги најдете низ оптиките во Македонија.

СЛИЧНИ НОВОСТИ

Очилата BVLGARI  за модерна визија на секоја жена

Очилата BVLGARI за модерна визија на секоја жена

Брендот Bvlgari е италијанска компанија за луксузни производи, првенствено позната по своите часовници, парфеми, очила и луксузни хотели. Основана е во 1884 година во Рим од страна на Сотир Булгарис (Sotirios Voulgaris). Очилата за сонце на Bvlgari се дел од...

Hoya Balansis: Напредна технологија за удобен вид

Hoya Balansis: Напредна технологија за удобен вид

Balansis се прогресивни оптички стакла на Hoya што ги прави напредните технологии достапни за повеќе корисници.Со инкорпорирање на 3 докажани HOYA technologies, Balansis обезбедува голема визуелна удобност за извршување на сите модерни секојдневни активности на...

Иновативно решение за контролирање на миопијата кај вашето дете!

Иновативно решение за контролирање на миопијата кај вашето дете!

ШТО Е МИОПИЈА? Миопија или кратковидост кај децата е оштетување на видот, односно детето не ги гледа идеално предметите на далечина бидејќи на мрежницата во окото се создава матна слика. Ова оштетување на очите може да се појави во секое време, но најчесто...