fbpx

Заштите се од сината штетна светлина со оптичките рамки на Tom Ford

Што ако треба да работите и навечер кога очите се веќе изморени од долгиот ден преплавен со работни обврски?
За среќа, постојат оптички решенија кои ги штитат очите и успеваат речиси целосно да ги елиминираат штетните ефекти на сината светлина. Сините леќи филтрираат сина светлина што има негативен ефект врз очите.

Со моделите Blue Block лансирани во 2018 година од Марколин, TOM FORD станува првиот луксузен бренд што воведува ексклузивни оптички колекции подготвени за носење за оние на кои не им требаат диоптерски стакла, но сепак сакаат да го дополнат својот изглед и заштитат својот вид. 

Очилата се опремени со леќи кои филтрираат штетна сина светлина за очите во услови на долга изложеност на дигитални уреди и ја зголемуваат визуелната удобност. Леќите, исто така, обезбедуваат заштита од отсјај и гребаници со цел подобра визуелизација кај корисникот.
Преку својата Blue Block колекција, TOM FORD ги поедностави работите, давајќи им можност на сите да изберат елегантни, префинети рамки, кои го носат светски најбараниот потпис и уникатниот стил на модниот дизајнер, а истовремено збогатени со леќи кои имаат син блок филтер со цел максимална заштита на очите. 

Во прилог ви ги издвојуваме ТОП 3 Tom Ford модели од Blue Block колекцијата:

Blue Block моделите можете да ги најдете низ оптиките во Македонија.

СЛИЧНИ НОВОСТИ

Колку често треба да го проверуваш видот? Одговорот ќе те изненади

Колку често треба да го проверуваш видот? Одговорот ќе те изненади

Кога последен пат го проверивте видот? Ако одговорот е „не се сеќавам“ или „кога ги правев последните очила“, веројатно поминало повеќе време отколку што мислите. Видот често го земаме здраво за готово, особено кога немаме очигледни проблеми со гледањето. Но...

Не е само бренд: што навистина купуваш кога избираш премиум Dior очила?

Не е само бренд: што навистина купуваш кога избираш премиум Dior очила?

Постојат работи што ги купуваме затоа што ни се потребни. И постојат работи што ги избираме затоа што кажуваат нешто за нас. Премиум очилата припаѓаат токму во втората категорија. На прв поглед, тие се моден додаток. Но зад секоја рамка стојат часови дизајн,...

Очилата што сите ќе ги носат ова лето – дали веќе ги имате?

Очилата што сите ќе ги носат ова лето – дали веќе ги имате?

Секоја сезона носи нови модни трендови, но само неколку од нив успеваат да станат вистински хит. Летото 2026 веќе јасно покажува кои модели на очила ќе доминираат на плажите, градските улици и социјалните мрежи. Од луксузни брендови до street style икони, едно е...