fbpx

Зошто е важно редовно да се грижите за вашите очи?

Дали паметите, колку време помина од вашиот последен очен преглед?

Сигурно знаете дека правилната грижа за вашите очи, е подеднакво важна како и правилната грижа за целото ваше тело и сигурно ненадминливо ви е чуството на удобност во пределот на очите, што е резултат на одморени и заштитени очи.

Во статијава, ќе објасниме што е најважно да знаете за грижа на очите и како да знаете дали и кога вашите очи се изложени на ризик?

А ризикот, најчесто е присутен кај:

  • луѓе со наследни очни болести, како глауком;
  • луѓе кои имаат суви очи;
  • луѓе со дијабетес, висок крвен притисок;
  • луѓе кои носат контактни леќи кои го зголемуваат ризикот од инфекции;

Во зависност од тежината на ризикот, стручно медицинско лице ќе ја одреди специфичната подкатегорија за секој пациент.

Нашето тело често пати ни испраќа сигнали, кога очите се засегнати или заморени. Некои од нив се:

Заматен вид

Ако ја губите јасноста во видот и гледате магливо или заматено, можеби ќе треба да посетите оптичар, или да ја промените диоптријата доколку веќе имате оптички очила.

Главоболка

Честите главоболки може да бидат симптом на проблеми на ниво на визуелниот систем, најчест е заморот на очите што се јавува кога сме изложени многу последователни часови на сината светлина.

Чувствителност на светлина

Чувствителноста на светлина, исто така наречена фотофобија сама по себе е нормална појава. Кога станува претерана мора да се преземат мерки на претпазливост. Фотофобните лица доживуваат иритација и болка, а чувствителноста на светлина е симптом на инфекции и болести, како што е конјунктивитисот или траума на очите.

Тешкотии при возење ноќе

Можете да забележите по начинот на кој вашите очи читаат патокази и испрекинати линии на коловозот. Ако ги видите заматени, ако не ги разликувате тоа може да резултира со губење на видот или кратковидост.

СЛИЧНИ НОВОСТИ

Колку често треба да го проверуваш видот? Одговорот ќе те изненади

Колку често треба да го проверуваш видот? Одговорот ќе те изненади

Кога последен пат го проверивте видот? Ако одговорот е „не се сеќавам“ или „кога ги правев последните очила“, веројатно поминало повеќе време отколку што мислите. Видот често го земаме здраво за готово, особено кога немаме очигледни проблеми со гледањето. Но...

Не е само бренд: што навистина купуваш кога избираш премиум Dior очила?

Не е само бренд: што навистина купуваш кога избираш премиум Dior очила?

Постојат работи што ги купуваме затоа што ни се потребни. И постојат работи што ги избираме затоа што кажуваат нешто за нас. Премиум очилата припаѓаат токму во втората категорија. На прв поглед, тие се моден додаток. Но зад секоја рамка стојат часови дизајн,...

Очилата што сите ќе ги носат ова лето – дали веќе ги имате?

Очилата што сите ќе ги носат ова лето – дали веќе ги имате?

Секоја сезона носи нови модни трендови, но само неколку од нив успеваат да станат вистински хит. Летото 2026 веќе јасно покажува кои модели на очила ќе доминираат на плажите, градските улици и социјалните мрежи. Од луксузни брендови до street style икони, едно е...